ММС

Објавено на: 07/19/21 4:27 PM

Пиротехничарите ги ризикуваат животите за нашата безбедност – Шекеринска најави зголемување на платите

Комисијата за одбрана и безбедност го поддржа нашиот предлог за измени на Законот за заштита и спасување, ова го соопшти Радмила Шекеринска која додаде дека пиротехничарите за 25 отсто ќе имаат зголемување на платите.

– Поради сложеност на работните задачи им се утврдува и плус додаток на плата во висина од 35 отсто кои исто така ќе имаат бенифизиран стаж и подобри услови за пензионирање.Воедно и за инспекторите повисоки плати и јасни процесури а отштета за невреме на земјоделско земјиште, напиша министерката за одбрана Шекеринска

– Пиротехничарите ги ризикуваат животите за нашата безбедност. Да им возвратиме со поголема грижа!, стои во објавата на Радмила Шекеринска која исто така објави статистика дека околу 600-1000 неексплодирани убојни средства се пронаоѓаат на годишно ниво во нашата земја, а само во 2020 година во Битола биле пронајдени 12.300 неексплодирани мини.

Фото: Фејсбук


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1