ММС

Објавено на: 07/19/21 4:08 PM

Ја силувале на снимањето на филмот, па се обидала да си го одземе животот – Морничава приказна на славната актерка!

 

По снимњето на филмот, актерката Марија Шнајдер се свртела кон дрогата и неколку пати се обидела да се самоубие.

„Последното танго во Париз“ е еден од најконтроверзните филмови на сите времиња. Режисер е Бернардо Бертолучи и актерот Марлон Брандо кои  заработија многу пари, номинирани биле за Оскар, но жената која ја играла централната улога во филмот лошо поминала.

Марија Шнајдер, тогаш 19-годишнатата Французинка го играла ликот на Џени , вереница на еден фимаџија. Во филмот младите дошле во Париз да разгледаат стан и се запознале со Американскиот емигрант Паул. Џени и Паул започнале страсна врска која кулминирала со секс без присила, фамозната сцена со путерот.

Токму таа сцена најмногу ја шокираше публиката и критчната маса. „Последното танго во Париз„ беше прогласен за непристоен, во неколку земји бил забаранет за негово прикажување, но сцената криела длабока и мрачна тајна.

Моите солзи беа вистински

– Сцената не беше во оригиналното сценарио. Ми го кажаа тоа кога требаше да ја снимам. Марлон ми велеше да не се грижам и дека тоа не е вистински, но моите солзи беа реални. Искрено бев   силувана, раскажала Марија пред неколку години за Дејли Мејл.

Стекнала светска слава, луѓето ја препознавале на улица, но нејзиниот живот тргнал во лош правец.

– Да се има слава е застрашувачки. Во тоа време немавме телохранители, а луѓето често мислеа дека сум иста како и ликот кој го играв во филмот, се присетила Марија.

Поради целиот тој циркуз со славата. таа почнала со дрогата.

– Почнав со марихуана, па потоа на кокаин, ЛСД и хероин. Ми беше тоа некакво бегство од реалноста. Беа тоа луѓе од 70-тите и во тоа време се и сешто се случуваше, рекла Марија.

Обид за самоубиство

Славата никако не и одговарала и неколку пати се обидела да се самоубие.
– Два пати се предозирав и секој пат се будев кога Итната помош беше стигната, раскажува актерката и признала дека имала среќа затоа штого  преживеала се тоа.

– Изгубив многу пријатели, но имав среќа да запознаам една личност, мојот ангел во 80-тите. Таа личност е заслужна затоа што се одвикнав од дрогата.

 

Извор и фото: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1