ММС

Објавено на: 07/19/21 3:37 PM

Кражба на Желзничката станица во Гостивар – Приведени две лица

 Уапсени две лица од  Гостивар и Кочани поради кражба врз лице од Кичево на Железничката станица во Гостивар, информираа од МИнистерството за внатрешни работи,

– Вчера во 09:00 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода М.К.(18) од Гостивар и 17-годишен малолетник од Кочани, со живеалиште во Гостивар, поради сомнение дека извршиле кривично дело „кражба“ на 18.07.2021 врз лице од Кичево на Железничката станица во Гостивар. Тие биле приведени во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признале делото, се наведува во соопштението на Министерството.По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1