ММС

Објавено на: 07/19/21 2:41 PM

Момче од тетовско почина од удар на гром

Како последица од удар на гром вчера почина 25-годишен жител на тетовско Долно Палчише. Момчето ги напасувало овците во атарот на селото Урвиќ, каде што имало невреме. Откако обидите на неговото семејство да го добијат на мобилниот телефон биле неуспешни, друг сточар го пронашол неговото без тело. Случајот бил пријавен во полицијата.

„Вчеравечер околу 19 часот и 25 минути во СВР Тетово било пријавено дека во месноста „Карабунар”, атар на тетовски Урвич, бил пронајден починат 25-годишен жител на тетовско Долно Палчиште, кој бил усмртен од удар на гром, а кој во тој реон го напасувал своето стадо овци. 25-годишното момче според пријавата кон местото се упатило кон 11 часот, додека неколку часа подоцна неговото безживотно тело во близина на нивните бачила го пронашоол друг сточар”, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Смрт констатирал лекар по судска медицина, а Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид. По наредба на Јавниот обвинител телото било предадено на семејството.

 

Данијела Билбилоска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1