ММС

Објавено на: 07/19/21 11:40 AM

Министерот Бектеши на охридскиот аеродром ќе ги пречека првите туристи од Холандија

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на Аеродромот „Свети Апостол Павле” во Охрид ќе ги пречека првите туристи кои со чартер лет ќе пристигнат од Холандија.

Покрај министерот Бектеши, холандските туристи ќе ги пречека и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, претставници од ТАВ, а со чартер летот ќе пристигнат и претставници од менаџментот на туроператорот ТУИ.

Ова е прв чартер лет кој што се реализира преку холандскиот туроператор ТУИ, а со првата тура се очекува да пристигнат вкупно 121 турист од Холандија.

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1