ММС

Објавено на: 07/19/21 11:21 AM

Со пила си ја пресекол раката, сега е пресреќен што пак може да ја користи – По 30 години се реплантираше рака на Клиника

Минситерот за здравство, Венкол Филипче, информираше за состојбата на пациентот, на кој му беше реплантирана десната рака. Тој кажа дека пациентот е во добра здравствена состојба, а најважно од се е што раката повтоно може да ја кристи.

-Утрово на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија го посетив 54 годишниот Џафер Алија, на кој му беше реплантирана десната рака. Пред месец ипол Џафер се самоповредил, си ја отсекол десната подлактица, работејќи со моторна пила и на Клиниката бил примен во тешка состојба. Сега пациентот се чуствува добро, неизмерна е неговата радост што десната рака повторно може да ја користи, вели Филипче и додадва:

-. Ваков вид операција на Клиниката нема направено изминативе триесетина години. За успехот им честитам на моите колеги лекари и целиот медицински тим. Оваа комплексна интервенција беше изведена од тим на стручни хирурзи и анестезиолози од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија: доц. д-р Софија Пејкова, д-р Бисера Николовска, д-р Гордана Георгиева. Од Универзитетската клиника за кардиохиругија: д-р Мишел Андов, од Универзитетската клиника за трауматологија д-р Игор Мерџановски, од Универзитетската клиника за анестезија реанимација и интензивно лекување д-р Јасна Бушиноска. Тимот беше во постојана комуникација со проф. д-р Оскар Азман, пластичен хирург од Медицинскиот универзитет во Виена и визитинг професор на Медицински факултет во Скопје, напиша Филипче.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1