ММС

Објавено на: 07/19/21 10:01 AM

Паника во САД: Откриен случај на мајмунски сипаници

Американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) потврдија случај на мајмунска сипаница во САД.

ЦДЦ и Министерството за здравство на државата Тексас објавија дека кај некои американски државјанини кои од Нигерија дошле во Тексас е потврдено дека имале сипаници.

Патникот имал два лета до крајната дестинација, Далас – прво летал од Нигерија до Атланта, а потоа од Атланта до Далас, објави весникот „Хил“.

Лицето е хоспитализирано во Далас, а официјални лица се обидуваат да стигнат до луѓето кои биле во контакт со заразените за време на летовите.

“Мајмунската сипаница е ретка, но потенцијално многу опасна вирусна болест која обично започнува со симптоми на грип. Лимфните јазли отекуваат, а потоа се појавува осип што се шири по лицето и телото”, навеле ЦДЦ.

Сојот мајмунска болест кај лице од Далас веќе е забележано во Нигерија и Западна Африка.

Инфекцијата може да трае од две до четири недели, а болеста има стапка на смртност од околу еден процент.

Извор: Блиц.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1