ММС

Објавено на: 07/19/21 8:31 AM

Учебникот по природни науки за прво одделение ќе биде полн со експерименти – МОН соопшти дека се печати нов материјал

Од септември првоодделенците ќе учат по нова наставна програма за што привршува подготовката на материјалите за учење. За предметот природни науки во тек е печатење на  нов материјал на чија изработка работеа авторките: Билјана Лазареска, Биљана Стојановска, Соња Кирковска, и Нела Слезенкова Никовска.

“Создадовме прекрасен материјал кој ќе биде интересен и возбудлив за учениците, бидејќи тие се најсреќни во училницата кога изведуваме експерименти и кога имаат пред себе наставен материјал кој е шаренолик и богат со  илустации”, вели авторката Билјана Лазареска.

Според Лазареска содржината на материјалот е разбирлива за учениците, а целта е преку активности и игри да се воведуваат во наставната материја и да ги разберат аспектите на родова еднаквост, интеркултурализмот, инклузијата, заштитата на животната средина, почитувањето,  правата и слично.

“Се надеваме дека овој учебник ќе овозможи еден поинаков пристап во наставата и ќе ги зголеми  компетенциите на знаења, способности, вештини и ставовите. Ќе им овозможи  на учениците учење со разбирање кое помага во развој на критичкото размислување  и креативноста, што е и целта на самите реформски процеси”, вели Лазареска.

О.К.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1