ММС

Објавено на: 07/19/21 8:11 AM

Регистриран земјотрес со епицентар во Албанија, 160 километри југозападно од Скопје

Земјотрес со интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала и епицентар во Албанија, 160 километри југозападно од Скопје е регистриран денеска во 00:21 часот – соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје на 19 јули 2021 година, во раните утрински часови, 00 часот и 21 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 160 километри југозападно од Скопје, се вели во соопштението од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда ML3.5 и е почувствуван од населението особено во југозападните делови со интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1