ММС

Објавено на: 07/18/21 8:03 PM

Како на филм, разбојници во велешко претепале две лица и им го одзеле возилото

Две лица од општина Чашка останале без своето возило „бмв 320“ , откако група од единаесет разбојници физички ги нападнале. Полицијата работи на расчистување на случајот.

„На 17.07.2021 околу 21.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Бузалково, велешко, Ј.Ј. заедно со уште десетина лица физички ги нападнале Б.А.(22) и Г.А.(24), двајцата од с.Горно Јаболчиште – Чашка, при што им одзеле патничко возило „бмв 320“, во кое се превезувале оштетените,“информираат од МВР.

За настанот е известен е Јавен обвинител, а на местото на настанот извршен е увид од екипа од СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1