ММС

Објавено на: 07/18/21 7:50 PM

Балевски: Нема хоспитализирани по ударот од гром кај Градиште

Не е хоспотализирано ниту едно од 13-те лица кои пријавиле какви било тегоби или последици од случајот со ударот на гром што се случи денеска попладне кај Охридското Езеро.

Директорот на Општа болница Охрид Горан Балевски за МИА изјави дека непотребно се прави паника кај населението затоа што кај сите кои се пријавиле за интервенција во болницата не се констатирани никакви телесни повреди, освен кај четири лица кои имале лесни изгореници.

Повеќе од лицата кои дошле во болницата, како што вели тој, се пожалиле на стрес, по што им бил извршен специјалистички преглед и сите се пуштени дома. Некои од нив се пожалиле на проблеми со слухот и биле прегледани од специјалист и не им се констатирани никакви повреди.

Громот удрил на локалитетот „Оревче“ во близина на плажата кај автокампот Градиште на Охридското Езеро.

Станува збор за лица од повеќе градови од државата, од кои четири се здобиле со изгореници на екстремитетите, додека другите воглавно биле без видливи повреди, но се пожалиле на тегоби од претрпениот стрес.

миа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1