ММС

Објавено на: 07/18/21 5:04 PM

Гром удрил на плажа во Охрид – повредени две лица

Две лица се пренесени во болница, откако биле повредени по удар од гром, објави А1он.мк.

Порталот пишува дека градот бил зафатен со силно невреме, а настанот се случил на плажата „Оревче“ во близина на кампот „Градиште“ во Охрид.

Неофицијално, станува збор за две лица од Ресен и Битола кои се пренесени во Медицинскиот центар во Охрид.

Според информациите на порталот, едното лице имало изгореница на ногата, додека пак другото проблеми со слухот.

a1on.mk

фото-ohrid.gov.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1