ММС

Објавено на: 07/18/21 1:37 PM

Регистрирани 21 нови случаи на Ковид 19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.358 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на КОВИД-19:   Скопје – 13, Тетово – 5,  Гостивар,  Струмица и  Дебар – по 1.

Регистрирани сe 2 оздравени пациенти од: Скопје –  2.

Не се регистрирани починати пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 930.540 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.922, бројката на оздравени пациенти е 150.170, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 265.

Најголем број активни случаи има во Скопје со 99, а по него е Тетово со 83 активни случаи.

Во 16 општини нема ниту еден активен случај.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1