ММС

Објавено на: 07/18/21 1:12 PM

Пребројани 47 активни гнезда на штркови во Стојаково

Месната заедница Стојаково во Општина Богданци  ги преброја активните гнезда на штркови. Бројот на гнездата е зголемен во однос на 2018 година. Избројани се  47 гнезда, 94 возрасни и 163 млади штркови.

Во 2018 година во Стојаково се избројани 37 гнезда, со 74 возрасни и 134 млади штркови.

„ Штрковите населуваат еколошки чисти средини, што значи дека Стојаково максимално ги исполнува нивните услови за живеење. Селото Стојаково е рамничарско село и има две големи предности: прво, има доволно безбедни места за гнездење, речиси повеќето од гнездата се на далноводи, на кои често има платформи за штркови поставени од „ЕВН Македонија“, и второ, околните обработливи површини, близината на Вардар и влажните ливади околу локалитетот Ѓол и Ѓиренот нудат доволно храна за штрковите, информираат на својот фејсбук-профил од Месната заедница.

фото-ФБ, МЗ-Стојаково


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1