ММС

Објавено на: 07/18/21 12:04 PM

Пламени јазици проголтаа погон за производство на столови во струмичко Ново Село

Во 3 часот ноќеска во пожар изгоре пилана со погон за производство на столови во Ново Село, информираа од Територијалната противпожарна единица на Струмица.

Во гаснењето на пожарот учествувале четири противпожарни возила и десет пожарникари.

Причинета е голема материјална штета, а пожарот бил изгаснат околу 6 часот.

foto-fb

mia


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1