ММС

Објавено на: 07/18/21 11:06 AM

Удирал жени со шише, камен, тупаници-Напаѓачот од Сплит е обвинет за две обиди за убиство

Александар Н. (28) се товари за два обиди за убиство. Од сплитската полиција информираа дека ја завршиле истрагата и дека против него ќе поднесат кривична пријава за споменатите дела.

Од Полицијата информираат дека тој е осомничен оти во саботата околу 7 часот утрото ја удрил со шише во главата Невенка М. (52) во ресторан на плажата Фирбула. Кога жртвата паднала на подот, тој продолжил да ја удира со тупаници во главата и вратот.

Напаѓачот бил запрен од туристи, но набргу заминал и кај својата следна жртва.

Околу половина час подоцна, според полицијата, другата жена (40) ја удрил неколку пати со камен во главата по тилот. Потоа продолжил да ја удира и со тупаница во главата.

фото-фб

извор-telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1