ММС

Објавено на: 07/18/21 10:25 AM

МОН: Лажни вести и фотографии се шират за сексуалното образование

Министерството за образование и наука демантира каква било поврзаност на фотографиите и содржини кои деновиве кружат на социјалните мрежи, со сеопфатното сексуално образование.

Лажните вести и монтажи по социјалните мрежи се интензивираат со цел заплашување и лажење на граѓаните. Граѓаните да бидат спокојни, образованието се унапредува и реформира. Сите информации кои деновиве се шират поврзани со сексуалното образование, како оваа, се целосно лажни и апелираме граѓаните да не наседнуват.

Како што многу пати извести Бирото за развој на образованието, сексуално образование воопшто не се воведува. Од следната година се планира само пилот проект во четири паралелки од деветто одделение во четири основни училишта. Никакви содржини ниту програми не се предвидени во новите содржини и учебници за прво и четврто одделение како што се обидуваат одредени групи на социјалните мрежи да ја замајуваат јавноста.

Родителите да бидат смирени, се што работиме е максимално транспарентно и во најдобар интерес на децата. Апелираме да се следат официјалните канали на МОН и БРО со цел учениците, наставниците и родителите да се заштитат од ваквите манипулации кои, за жал, се почесто ќе ги гледаме.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1