ММС

Објавено на: 07/18/21 10:15 AM

Две скопјанки приведени во Кавадарци, при претрес пронајдена дрога

Две скопјанки се приведени во Кавадарци. осомничени се за неовластено производство и продажба на дрога.

„На 17.07.2021 полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода С.Т.(27) и А.Т.(24), двете од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Имено, по добиена наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Кавадарци, извршен е претрес во дом и помошни простории во Кавадарци, каде двете лица престојуваат, при што се пронајдени и одземени таблети „екстази“,  марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага,“ информираат од МВР.

Лицата се приведени во ОВР Кавадарци, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен пријава по член 215 од Кривичниот законик.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1