ММС

Објавено на: 07/18/21 9:43 AM

116 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај

За пет часа во полициски акции на територијата на целата држава,  казнети се дури 116 пијани возачи. Сите тие се исклучени од сообраќај, информираат од МВР.

„Синоќа (17/18.07.2021) во периодот од 21 од 02 часот спроведена е  акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на државата, при што санкционирани се 116 возачи,“ велат од МВР.

Од тука посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта,“ посочуваат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1