ММС

Објавено на: 07/17/21 10:35 PM

Поминуваат годините, но не и љубовта, имавме потреба да се венчаме во црква – Се омажи пејачката Гоца Тржан

Пејачката Гоца Тржан и Радомир Раша Новаковиќ се венчаа денес во црква! Членовите на семејството и само неколку пријатели присуствуваа на тајната венчавка на овој пар, кој е во емотивна врска со години.
Гоца не избрала невестински фустан, но блеснала во бел костум, додека на главата носела украсна капа наместо превез.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)

Нејзиниот сопруг не отстапил од правилата, па одбрал темно, свечено одело и едноставна бела кошула.
По церемонијата во црквата, младенците отишле на семеен ручек со семејството и пријателите.
Гоца на својот приватен профил на Инстаграм објави неколку селфи со нејзините гости и семејството, а неколку часа подоцна пејачката за прв пат го објави и своето прво заедничко селфи со сопругот.

 

-Имавме потреба да се венчаме во црквата и да ги собереме најблиските пријатели и семејство и да го славиме заедничкиот живот и љубовта што ја чувствуваме едни кон други и кон секој што е дел од нашите животи“, изјави Тржан за Нова.рс.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1