ММС

Објавено на: 07/17/21 8:50 PM

(Видео) Вистина која предизвикува солзи – Како љубовта на сопственикот го излечила кучето од парализа

Љубовта прави чуда! Една таква се случила меѓу газдата и хаската Кејн, кои уште еднаш покажаа дека љубовта помеѓу кучето и сопственикот е безусловна. Кога сибирската хаска Кејн одеднаш добил парализа на задните нозе, неговиот сопственик одбил да го успие.

Иако Кејн бил премногу стар за да ја преживее операцијата и постоела реална можност тој никогаш повеќе да не оди, неговиот сопственик решил да стори сé за да му направи  на хаската да му биде  што е можно поудобно до крајот на животот.

По многу часови поминати во истражување и со мноштво лекови против болки кои не делувале, налетале на терапијата со вода и Кејн и сопственикот започналеа да одат на базен.
Поради влијанието на бестежинската состојба што водата ја има врз телото, болката на Кејн се смирила со текот на времето, а по неколку терапии во базенот се случи чудо – Кејн повторно започнал да оди!

На трогателното видео објавено на Јутјуб од сопственикот, може да се види како Кејн шета со помош на опрема, но и сам.

Извор: index.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1