ММС

Објавено на: 07/17/21 7:51 PM

Четиригодишно дете со „Бентли“ од татко му направило хаос во Монако и повредило пешак

Четиригодишно дете од Ерменија во бизарна незгода тешко повредило пешак во Монако. Семејството од Ерменија престојувало во луксузниот „Хотел де Пари“ во Монако, а таткото со автомобил „Бентли“ пристигнал пред хотелот.

Во моментите кога излегувал од автомобилот да му ги предаде клучевите на вработениот од хотелот задолжен за паркирање на возилата, детето седнало на возачкото место и го стартувало возилото, повредувајќи пешак кој тогаш излегувал од хотелот.

Неименуваното лице било тешко повредено и префрлено во болницата во Ница.

Како што соопштила локалната полиција, нејасно е како детето воопшто успеало да го стартува автомобилот со оглед на тоа дека клучевите биле извадени, додека пак неговиот татко изјавил дека не се сеќава дали го изгаси моторот.

 

 

Фото:

bentleymotors.com

Извор:

mondo.rs

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1