ММС

Објавено на: 07/17/21 5:42 PM

Државата доби највисока оценка во регионот за транспарентност и достапност на буџетски документи, соопштија од МФ

Државата доби највисока оценка помеѓу земјите во регионот во однос на транспарентноста и достапноста на буџетските документи, објави на својот „Фејсбук“ профил Министерството за финансии.

-Транспареност и достапност на буџетските документи со највисока оценка споредено со земјите во регионот, покажува Националниот монитор за реформи во јавната администрација 2019/2020 објавен од Институтот за европска политика. Преземени се значајни чекори за подобрување на управувањето со јавни финансии во земјата, а најзначајни се: Апликацијата Граѓански буџет, Порталот Отворени финансии, Алатката Капитални расходи и Алатката за јавен долг, стои во краткото соопштение на МФ.

Годишниот извештај за извршување на буџетот, извештаите за извршување на буџетот во тековната година и полугодишните извештаи за извршување на буџетот се достапни на интернет страницата на Министерството за финансии.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1