ММС

Објавено на: 07/17/21 5:11 PM

Граѓаните да ги следат официјалните известувања од МОН и БРО, за да ги избегнат лажните вести за сексуалното образование, регираат од МОН

Министерството за образование и наука демантира каква било поврзаност на фотографиите и содржини кои деновиве кружат на социјалните мрежи, со сеопфатното сексуално образование.

Лажните вести и монтажи по социјалните мрежи се интензивираат со цел заплашување и лажење на граѓаните. Граѓаните да бидат спокојни, образованието се унапредува и реформира. Сите информации кои деновиве се шират поврзани со сексуалното образование, како оваа, се целосно лажни и апелираме граѓаните да не наседнуват, велат од МОН.

-Како што многу пати извести Бирото за развој на образованието, сексуално образование воопшто не се воведува. Од следната година се планира само пилот проект во четири паралелки од деветто одделение во четири основни училишта. Никакви содржини ниту програми не се предвидени во новите содржини и учебници за прво и четврто одделение како што се обидуваат одредени групи на социјалните мрежи да ја замајуваат јавноста, стои во нивната реакција.

Од министерството за образование и наука апелираат до родителите да бидат смирени, бидејќи се работи во интерес на децата. Воедно, тие апелираат да се следат официјалните канали на МОН и БРО со цел учениците, наставниците и родителите да се заштитат од манипулации.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1