ММС

Објавено на: 07/17/21 4:57 PM

(видео)Перо Костадинов: Јас сум за Валандово а не само за власт како опозицијата

Има многу интерес за странски инвестиции, но за жал поради пандемијата , досега не успеавме такво нешто да обелодениме но се надевам дека многу бргу тоа ќе се случи  во Валандово, изјави денес при гостувањето во емисијата Стадион на Канал 77, градоначалникот на валандовската општина Перо Костадинов.

„ Тоа ни е насушна потреба, пред се од аспект на подобрување на стопанскиот амбиент во општината. Во економијата има два моменти, еден е вработувањето, вториот можеби и побитен е платата. Изминатиот период од пред 10-15 години се случува иселување не само во Валандово, туку од цела држава. Тоа според мене треба да биде стратешка цел на државата, како да се сопрат тие процеси. За секој има работно место но платите се навистина мали. Создадена е моментална перцепција, што е и нормално, дека подобро е да се биде роб во Италија или Германија за 1000-2000 евра, отколку да се биде овде. На ова треба да работиме сите заедно, да го сопреме овој процес и овде да создаваме иднина“ вели Костадинов.

Иако општината сака да биде перцепирана како земјоделски регион, 60% од земјоделските површини не се обработени, обвинуваат од опозицијата во општината.

„Изминатиот период се случуваше голема злоупотреба со земјоделското земјиште, затоа што голем дел од земјоделските површини се распределуваа на луѓе коишто не се работеа. Добро е што сега системски се работи на овој проблем, којшто се менаџира преку Министерството за земјоделие. Не треба да работиме хитовски од избори на избори. Упатувам порака како функционер  до граѓаните, нека одговара секој функционер кој направил злоупотреби,“ вели Костадинов.

Тој смета дека општините од југоистокот треба да соработуваат и да работат на зеднички проекти, зошто факт е дека Општина Дојран и Општина гевгелија се нашите порти кон Европската унија.

Во врска со она по што Валандово е препознатливо, Фолк-фестивалот, веќе две години поради ковид кризата не се одржа.

„ Оваа година требаше да се одржи во мај, но и тогаш поради се уште актуелни рестриктивни мерки, не се одржа. Ние последните години го вративме одржувањето на фестивалот во мај, иако еден период се одржуваше и во октомври. Организирањето на фестивал е макотрпна работа, мора да се вклучи цела една машинерија од луѓе, а треба и време. Немавме намера да импровизираме фестивал, туку ќе се насочиме во следниот период во организацијата на 35-годишниот јубилеј. Тоа ќе го направиме на еден модерен софистициран начин којшто ќе ја опише целата историја на Фолк фестивалот Валандово,“ образложи Костадинов.

Во продолжение проследете ги акцентите од гостувањето на градоначалникот на Валандово, Перо костадинов во емисијата Стадион на Канал77.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1