ММС

Објавено на: 07/17/21 4:15 PM

(ВИДЕО) Културно ѝ побарал чаша вода, а потоа дивјачки ја нападнал: Брутално претепана жена во Сплит

Педесет и двегодишната Невенка Маргета од Сплит, во моментите кога доаѓала да го отвори угостителскиот објект каде што повремено работи, брутално била нападната и претепана од непознато младо лице, пренесува „Slobodna Dalmacija“.

Како што може да се забележи и од видео-материјалот, мажот ѝ се доближил од зад грб и љубезно ѝ побарал чаша вода, пред да тргне да ја удира беспомошната жена со тупаници и стаклена флаша по главата.

Нападот на насилникот веројатно би потраел, доколку не се вмешала странска туристка и уште неколкумина случајни минувачи. Напаѓачот избегал, а Невенка Маргета била веднаш однесена во болница.

Според „Slobodna Dalmacija“, за среќа жената не претрпела посериозни скршеници и повреди на главата и телото.

Фотографиите од мажот ги преплавија социјалните мрежи и полицијата трага по него.

 

*Вознемирувачки видео-материјал:

 

 

 

 

 Фото:

Twitter / @KojiniStaneMora / Screenshot


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1