ММС

Објавено на: 07/17/21 3:50 PM

Почина поранешниот селектор на Југославија, Милан „Бард“ Живадиновиќ

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Југославија, Милан Живадиновиќ, почина на 77-годишна возраст, пренесоа српските медиуми. Од неофицијални извори, како причина за неговата смрт се наведува мозочен удар.

Милан Живадиновиќ, или попознат помеѓу фудбалските кругови во Србија како „Бард“, имаше долга и богата фудбалска биографија, тренирајќи клубови во Европа и Азија. Тренерската кариера Живадиновиќ ја започнува во Спартак Суботица, а од 1992-1994 е главен на стручниот штаб на Црвена Ѕвезда.

Во 1998 година, Живадиновиќ ја седнува на столчето на југословенската селекција на местото на Слободан Сантрач, каде што се задржува една година. Како тренер низ кариерата тој ги предводи Будуќност, ОФК Београд, Приштина, Раднички Ниш, Сутјеска, Рад,  Ал Насру, Ал Шабаб и репрезентациите на Ирак, Јемен, Гана и Мјанмар.

Играчката кариера ја обележуваат и неговите настапи во скопски Вардар.

 

 

Фото:

danas.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1