ММС

Објавено на: 07/17/21 2:41 PM

САД ги истражуваат мистериозните здравствени проблеми на дипломатите во Виена

Властите во САД започнаа истрага во врска со мистериозните здравствени проблеми на американските дипломати во австрискиот главен град Виена, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Надлежните власти во САД соопштија дека водат истрага за над 20 случаи регистрирани во Виена, за кои се тврди дека се слични со симптомите на американските дипломати во Куба во 2016 и 2017 година.

Во истрагата се вклучени американскиот Стејт департмент, Пентагон и Централната разузнавачка агенција (ЦИА).

Од Стејт департментот ја потврдија веста во врска со истрагата, но не открија детали во врска со здравствените проблеми на дипломатите во амбасадата во Виена.

Некои медиуми тврдат дека постои можност дека се работи за напади со микробранова и радиобранова технологија.

Веста со здравствените проблеми на американските дипломати во Виена за прв пат е објавена во петокот од страна на списанието „The New Yorker“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1