ММС

Објавено на: 07/17/21 1:51 PM

(Видео) Водата ги проби насипите: Илјадници Холанѓани се во бегство, премиерот прогласи национална катастрофа

Илјадници луѓе побегнаа од своите домови на југот од Холандија, откако водата ги проби насипите – јавува Ројтерс. Премиерот, Марк Рутe прогласи состојба на национална катастрофа во јужната покраина Лимбург, која се наоѓа помеѓу силно поплавените области во западна Германија и Белгија.

Властите почнаа евакуација на населението од поголемите делови на градот Венло. Околу 200 пациенти исто така, ќе бидат евакуирани од болницата “VieCuri”  во овој град. На болницата не и’ се заканува голем ризик од поплава, но пациентите се евакуирани како мерка на претпазливост.

„Не сакате да гледате слики од медицински сестри кои мораат со чамци да одат до болницата за да можат таму да се грижат за пациентите. Тоа е хорор сценарио кое сакаме да го избегнеме“, изјавија од болницата.

„Во насипот има голема дупка. Веднаш напуштете го својот дом и одете на сигурно“, објавија итните служби во Мерсен. На семејствата им е посочено да ги исклучат струјата и гасот. Голем дел од Холандија лежи под нивото на морето, заштитено со комплексен систем на насипи и современи бариери.

Војската успеа да го зајакне насипот во близина на Мерсен, но наредбата за евакуација остана на сила.

Војниците избезумено работеа на зајакнување на насипот, заштитувајќи го блиското село Весем од надојдените води на реката Меза.

„Засташувачки е. Никогаш не сум видел водата да е на волку високо ниво“, изјави шеесет и деветгодишниот жител Тон Линсен за Ројтерс.

Во Валкенбург во близина на границата со Германија, поплавите оштетија многу куќи и уништија еден мост. Водостојот на Меза и Рур достигнаа рекордни нивоа, надминувајќи ги оние од 1993 и 1995 година кои предизвикаа големи поплави – соопштија локалните власти.

Фото:  Twitter

Извор:  kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1