ММС

Објавено на: 07/17/21 1:21 PM

Вкупно 19 новозаразени со корона во земјава, осуммина од нив се од Скопје

Нови 19 случаи со КОВИД-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 3667 тестирања. Оздравени се девет (пет од Тетово и четворица од Скопје) и нема починати пациенти. Активни на вирусот се 246.

Како што информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, осуммина од новозаразените се од Скопје, пет од Тетово, двајца од Куманово и по еден нов случај имаат Гостивар, Кочани, Гевгелија и Дебар.

Епидемиолошки анализи на вкупно заболени и на активни случаи по градови:

Скопје 68 743, Активни 88
Куманово 8890, Активни 13
Прилеп 8329, Активни 4
Тетово 7330, Активни 78
Битола 6310, Активни 4
Велес 5474, Активни 0
Гостивар 5195, Активни 14
Кавадарци 5155, Активни 2
Охрид 5023, Активни 13
Штип 4962, Активни 2
Струмица 4125, Активни 3
Струга 2985, Активни 4
Кочани 2793, Активни 1
Кичево 2602, Активни 13
Гевгелија 2196, Активни 1
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1525, Активни 1
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1227, Активни 0
Радовиш 1162, Активни 1
Берово 1032, Активни 1
Делчево 973, Активни 0
Дебар 944, Активни 3
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 667, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 269, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0

Од почетокот на епидемијата во земјава, бројот на КОВИД-дијагностицирани достигна 155 901 од вкупно 927 182 тестирања. Оздравени се 150 168 пациенти, починати 5487, а активни се 246 случаи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1