ММС

Објавено на: 07/17/21 9:53 AM

„Копал“ биткоини крадејќи струја: Полицијата приведе скопјанец

Полициски службеници од Единица за внатрешни работи Ѓорче Петров, вчера во 14:30 часот  на подрачјето на Ѓорче Петров го лишиле од слобода В.П.(37), поради постеоње основи на сомнение за сторени кривични дела по чл. 235 и 236 од Кривичниот законик.

При претрес извршен кај него, било констатирано дека врши кражба на струја, при што биле пронајдени и одземени седум компјутери „мајнери'”за копање на криптовалути – информираше денеска МВР.

Лицето е приведено, а по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

Фото:  Илустрација / Pixabay


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1