ММС

Објавено на: 07/17/21 8:47 AM

Над 130 возачи вчера казнила полицијата за непрописно престигнување

Вчера од 14 до 20 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на цела држава за санкционирање на возачи што престигнуваат непрописно, при што санкционирани се 132 возачи – соопштија од МВР претпладнево.

Од нив, 42 на територија на СВР Тетово, 25 на територија на СВР Охрид…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – додаваат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1