ММС

Објавено на: 07/16/21 10:25 PM

Мекги и Џонсон влегоа како замени во олимпискиот список на Грег Поповиќ

Конечниот список на кошаркарската репрезентација на САД за Олимпијадата во Токио не беше конечно затворен до денес. Промените во последен момент, односно откажувањето на Кевин Лав и заразувањето на Бредли Бил со коронавирус, го натераа тренерот на Сан Антонио Спарс и селектор на фаворитот број еден за освојување на златен медал во Токио, брзо да реагира.

Крилниот центар и поранешен шампион на Кливленд Кавалирс, го откажа своето учество од Олимпијадата поради „недоволната физичка подготвеност“, додека пак кошаркарот на Вашингтон Визардс, Бредли Бил, беше спречен од приликата за „злато“ од Ковид-19.

Иако во американските медиуми се лицитираше со различни имиња кои би „влетале“ во 12-те на Поповиќ, имиња како Трае Јанг, искусниот предводник на САД се одлучи за ветеранот од Денвер Нагетс, Џавал Мекги и својот играч од Сан Антонио Спарс, Келдон Џонсон.

Финалниот ростер на неверојатните Американци сега изгледа вака: Бем Адебајо, Девин Букер, Кевин Дурант, Џерами Грант, Дрејмонд Грин, Џру Холидеј, Зек Лавин, Демијан Лилард, Крис Мидлтон, Џејсон Татум, Келдон Џонсон и Џавал Мекги.

Одложените Олимписки игри во Токио стартуваат на 23 јули, а САД во група ќе се соочи Франција, Чешка и Иран.

 

Фото:

ftw.usatoday.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1