ММС

Објавено на: 07/16/21 9:45 PM

Основачот на „Амазон“, Безос, ќе биде придружуван од 18-годишник на патувањето во вселената

Основачот на американскиот гигант за електронска трговија „Амазон“, Џеф Безос, во вселената ќе патува заедно со 18-годишниот Оливер Димен, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на „Би-би-си“ (BBC), познато е и последното лице што ќе го придружува Безос на неговото прво вселенско патување со вселенското летало „Блу ориџин“ на 20 јули.

Беше наведено дека 18-годишниот Оливер Димен е студент по физика и син на извршниот директор (CEO) на компанијата „Самерсет капиталс партнер“.

Празното место, кое беше ставено на продажба на 12 јуни за вселенското патување со Безос, на интернет-аукција најде купувач за 28 милиони долари.

Сепак, се наведува дека лицето кое го купило местото не може да патува со образложение дека патувањето не му е во согласност со неговиот календар.

Се посочува дека наместо тоа лице, на патувањето ќе се приклучи Димен и ќе биде „најмладата личност што оди во вселената“.

Се истакнува дека 7.000 луѓе од 159 земји учествуваа на аукцијата за купување на билетот за патување.

Претходно беше соопштено дека Безос исто така ја поканил 82-годишната поранешна пилотка Мери Валас Фанк на своето вселенско патување како почесна гостинка.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1