ММС

Објавено на: 07/16/21 9:08 PM

Целата екипа на ЦСКА Москва одбива да се вакцинира против Ковид-19

Фудбалерите на поранешниот руски првак и еден од најголемите клубови на тие простори, ЦСКА Москва, одбиваат да се вакцинираат против вирусот кој го одзеде животот на 146.000 Руси, пренесува „RT“.

Целиот тим на ЦСКА Москва нема да се вакцинира против Ковид-19, затоа што 85 отсто од играчите имале и повеќе од доволно анти-тела во својот организам. Во клубот од руската престолнина единствено вработените ги прифатиле препораките на властите Руската фудбалска федерација.

Бројките на заразени и починати од коронавирусот во Русија повторно се зголемуваат и како што наведува „RT“ во последните 24 часа забележани 799 смртни случаи.

ЦСКА Москва е првиот руски тим кој има освоено европска титула. Во 2005 година во финалето на Купот на Уефа го поразуваат лисабонски Спортинг со 3:1.

 

Фото:

eurosport.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1