ММС

Објавено на: 07/16/21 8:32 PM

Нема настрадани македонски државјани во поплавите во Западна Европа, соопштија од МНР

МНР со загриженост ги следи состојбите со поплавите во Западна Европа и е во постојана комуникација со домашните власти во земјите кои доживеаа природна катастрофа. Според нашите информации, во погодените региони нема настрадани македонски државјани, информираа на својот официјален „Фејсбук“ профил од Министерството за надворешни работи.

-МНР е во постојана комуникација со домашните власти во земјите кои доживеаа природна катастрофа. Според информациите на нашите ДКП-А во погодените региони нема жртви државјани на РСМ, се наведува во соопштението.

Од МНР посочуваат дека во случај на евентуално барање помош, нашите државјани можат да се јавуваат на следните броеви:

Берлин: +49 15255691603
Минхен: + 49 162925525
Хаг: + 31 6 38174907
Брисел: +32 27329108

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1