ММС

Објавено на: 07/16/21 8:50 PM

Важно! Подгответе се за невреме со пороен дожд, град, силни грмежи и ветер, предупредуваат од УХМР

УХМР во својата попладневна метеоролошка информација за утре и за следните три дена најави невреме.

-Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (на места над 90км/ч.) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал до 21, а максималната до 37 степени. УВ=8, информираат од УХМР.

Времето во Скопје утре ќе биде исто како и во останатиот дел од државата, со минимална температура  до 34 степени.

Времето во наредните три дена ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса. До вторник ќе се задржи променливо облачно, со пороен дожд и грмежи. На одредени места ќе има невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1