ММС

Објавено на: 07/16/21 8:05 PM

Гостиварчанец ја држел гладна, ја скубел за коса и и давал погрешни лекови на неподвижната сопруга

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против лице на возраст од 53 години, за сторено кривично дело – Повреда на семејни обврски од член 203 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот во неутврден временски период со груба повреда на законските обврски, намерно навремено не пружил нега на неговата сопруга која е неподвижно лице. Обвинетиот не се грижел за одржување на личната хигиена на оштетената, не и давал лекарства  и храна. Тој во неколку наврати ја скубел за косата и ја туркал по рацете и и давал несоодветни лекарства за успивање, информираат од ОЈО.

Поради стореното кривично дело, Основниот суд Гостивар на обвинетиот му изрече казна затвор од три месеци која нема да се изврши доколку  не стори ново кривично дело во рок од една година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1