ММС

Објавено на: 07/16/21 7:27 PM

(ВИДЕО) Вознемирувачки слики од Белгија: Поплавите срушија зграда додека градоначалникот на Пепинстер даваше изјава

Луѓето скокаа од крововите и прозорите, спасувајќи се себеси и најпотребните работи од своите домови. Додека градоначалникот на малото гратче Пепинстер во истокот на Белгија даваше изјава, поплавата сруши дел од една зграда, а вознемирувачката слика беше забележана од објективот на „Sky News“.

 

Во поплавите кои ја зафатија Европа има стотици жртви, додека пак во Белгија според „BBC“, бројката на загинати изнесува најмалку 20.

Луѓето кои живеат во близина на реката Мезa во Лиеж, повикани се да се преселат во подрачјата каде што не се заканува опасност од поплави.

 

 

Фото:

Twitter / @SkyNews / Screenshot

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1