ММС

Објавено на: 07/16/21 5:06 PM

(Видео) Град како јајце ја толчеше Србија попладнево – Силното невреме се спушта на југ

Српските медуми информираат за големо невреме кое ја зафатило речиси цела држава. Град со големина на орев паднал во Ниш и неговата околина. Невремето проследено со град и грмотевици во Ниш почнало околу 17 часот и за помалку од 10 минути централните градски улици биле под вода и  мраз.


Невремето проследено со град со големина на јајце и силен ветер погодило делови од општината Рашка. Обилен дожд со град и во Краљево.

Републичкиот хидрометеоролошки институт на Србија издал итно предупредување за обилен дожд, грмежи и град во областа Уб, Обреновац, Сјеница и на потегот од Приштина до Куршумлија, пренесува РТС.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1