ММС

Објавено на: 07/16/21 3:42 PM

Присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе банка Македонија

На ден 16.07.2021 година, од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија е донесено Решение број 35020210017402 со кое правниот субјект Охридска банка АД Скопје е избришан од регистарот, поради статусна промена и Решение бр.35020210017401 за извршен упис на промена-присоединување за субјектот Шпаркасе банка Македонија АД Скопје.

Со издавањето на горенаведените решенија е завршена постапката на регистрација на присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе банка Македонија АД Скопје.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1