ММС

Објавено на: 07/16/21 2:07 PM

ФИФА ја шокираше јавноста: Саудиска Арабија и Италија ќе организираат Светско првенство?

Тоа што Светското фудбалско првенство следната година ќе се одржи во Катар, многумина разбесне, но во 2030 година Мундијалот би можел да оди на неочекувана локација.

Како што објави „Атлетик“, Саудиска Арабија планира да биде кандидат за одржување на Мундијалот и тоа со земјата на европските шампиони, Италија!

Од 2026 година Светското првенство ќе биде проширено на 48 репрезентации и ќе се играат 80 натпревари, а откако првпат во 2002 гофина беше испробан концептот на две земји-домаќини, таа идеја е се почеста. Во 2002 година Јапонија и Јужна Кореја беа ко-домаќини, а во 2026 година Мундијалот ќе се одржи во Канада, Мексико и САД.

Освен Италија можни партнери на Саудиска Аравија во овој проект може да бидат Египет и Мароко, но проблем е што и двете земји ќе мора да вложат огромни средства во фудбалска и секаков друг вид на инфраструктура.

извор: Mondo.rs

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1