ММС

Објавено на: 07/16/21 2:08 PM

Џенифер Лопез и Бен Афлек купуваат вила од 64 милиони долари

Американскиот актер Бен Афлек и пејачката Џенифер Лопез вчера разгледувале прекрасна вила во Лос Анџелес вредна 64 милиони долари, а ТМЗ објави и ексклузивни фотографии од парот кога пристигнале на имотот.

Тоа ги поттикна гласините за потенцијалната свршувачка за нејзиниот роденден на 24 јули, а обожавателите со нетрпение го очекуваат продолжението на љубовната приказна.

Огромниот имот што го посетија се наоѓа во елитниот дел на Лос Анџелес, во Беверли Парк, а во самата вила има многу занимливости за парот и нивните деца од претходните бракови.

Луксузната вила има огромна куглана, игрална со билјард, кино, комплетно опремена теретана, вински подрум, базен, библиотека, спа центар, медицинска соба, фризер, лифт итн.

Главната куќа има 8 спални соби и 12 бањи, а за наведената цена од 63 950 000 американски долари, тие би добиле беспрекорно украсена вила во „редот на милијардери“, која се наоѓа зад високите порти со чувари.

Напред има отворен базен, простран двор со прекрасен тревник, паркинг и посебен влез за вработените.

Над 2.879 м2 апсолутниот луксуз се наоѓа на приближно 1,4 хектари земја.

Извор: Телеграф.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1