ММС

Објавено на: 07/16/21 1:20 PM

Осумнаесет годишник од Гостивар силувал малолетна девојка која му била роднина

Осумнаесет годишник од гостиварско е задржан во полиција и изведен пред надлежен судија под сомнение дека сексуално злоупотребил малолетна девојка.

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар вчера во 17:30 часот го лишиле од слобода А.Е. 18-годишен жител на гостиварско село, според информациите од СВР Тетово. Тој се сомничи дека дента околу 14:30 часот во селото извршил обљуба врз малолетничка, која му била роднина.

По пријавувањето, А. Е. е задржан во Полициската станица Гостивар и со соодветен поднесок денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1