ММС

Објавено на: 07/16/21 11:19 AM

Тешко е да се работи на Ургентен центар – Исповед на лекарка за ужас со кој се соочуваат секојдневно

Српскиот портал курир.рс објави приказна, која претставува исповед на докторка од Брза помош, кој до детали објаснил како изгледа неговата работа, односно дека  е многу стресно тоа што се случува во болницата, во однос на она што се мисли -дека најстрашното е одењето на терен.

-Застанав пред соба со број 65, знаејќи дека тоа е место кое најмногу  ме ужаснува во целиот Ургентен центар. Секој пат кога излегувам од таму посакувам да ми се избрише сеќавањето на тоа што внатре сум видела. Одам и мислам – уште два часа до крајот на смената, го можеш ти тоа. Токи вокито не престанува да ми ѕвони денес. Ова ми е четврта ноќна смена по ред и секој звук ми е како шилец во мозокот, кажал лекарот и додал:

-Додека сум одлучила кај кој од кои од трите итни пациенти треба прво да одам, токи -воки поторно почна за хрчи – ни требаш на нас во соба 65. Потврдив дека одам таму. Во себе ја проколнував таа соба. За само шест часа веќе два пати сум била таму. Одев накај вратата самоуверено, но не се чуствував така. Јас ја сакам мојата работа во Ургентен, но не постои ниту една личност кој го сака овој негов дел. Собата 65 е најтежок дел од мојата работа, тоа е место  каде ги носиме децата на преглед по потенцијалниот полов напад, раскажала докторката.

Ужасот со кој се соочуваат и пациентите и лекарите во оваа соба, според докторката изгледала вака:

-Пред себе го притиснав шишето со гелот за дезинфекција може и пресилно отколку што требаше. Во собата ја гледав мајката како му зборува на девојчето – супер си, уште малку. И ја галеше косата. Детето имаше само три години, лежеше на грбт на гинеколошкиот стол, за кој нејзините врсници никогаш не слушнале. Сцената е мрачна и неприродна. И се јавувам на мајката додека чекам да дојде медицинската сестра која ќе ги направи потребните тестови, раскажува лекарката и додава:

– Мајка, помогнете ми со нејзините нозе, мораат да бидат раширени за да го направме прегедот. Мајката помага, влегува медицинската сестра, прегледот почнува. Тишина се спушта во собата. Девојчето е генерација со мојата ќерка. Тешко ми е да бидам тука додека сестрата го истражува телото на девојчето и фотографира. Мајката не може да гледа, наместо тоа не гледа нас. Почнуваат очекуваните прашања: Како изгледа, дали некој ја допирал, дали нешто и се случило.

Со солзи во очите жената се бори да стои мирна.
– Благодарам, во ред ќе причекаме. Јас ќе останам колку и да е потребно.
„Ја оставам жената под надзор на медицинските сестри која и понатаму зборува со девојчето. Земав здив длабоко и побрзав кај следниот пациент. За нас лекарите често мислат дека имаме некои супер моќи во кои секогаш остануваме мирни во вакви ситуации, но тоа не точно. Ние само сме научени да не се распаѓаме пред пацинети туку дома, каала лекрката на крајот.

Извор и фото:  Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1