ММС

Објавено на: 07/16/21 10:45 AM

Германиците ја викаат мама, живее во изнајмен стан… Работи кои не ги знаеме за Ангела Меркел

Ангела Меркел е една од најмоќните жени денес. Таа сака фудбал и наука, но има паничен страв од кучиња. Својот приватен живот го чува во тајност.

Ова до сега не сте го знаеле за Ангела Меркел:

1.Нејзиното моминско презиме е Ангела Каснер, додека презимето го  од првиот маж го задржала

2. Германците ја викаат Мајка

3.Додека студирала, Меркел работела како ќелнер во студенското диско.

4. Дипломирала физика, а докторирала квантна хемија. Некои велат дека успехот го постигнала бидејќи на проблемите им пристапувала од научен, аналитичн агол.

5. Откако се рзвела од својот прв маж, живеела во илегален стан во близина на железничка станица. На нејзиниот 30 роденден , татко и дошол во посета и разочарано и рекол „Не си стасала далку“.

6. Ноќта кога паднал Берлински ѕид, ноември 1989 година, Ангела Меркел имала 35 години. За да го прослави тоа големо случување заминала во сауна, а подоцна малку прошетала и се напила некое пиво.

7. Нејзиниот сопруг Јоаким Зауер е професор на берлинскиот универзитет. Не сакал публицитет дури не се појавал ниту на инаугурацијата на Меркел во 2005 година. Сака опера и прошетки, се вози со евтини авио летови, дури и кога му е дозволео да патува со Ангела со официјалните авиони. Поради неговото интересирање за опера го викаат „Фантом од операта“.

8. Меркел е одлична готвачка. Обожава да прави колачи од сливи и често е видена како купува намирници од маркет. Има обичај секое утро на сопругот да му подготви појадок.

9. Зборува дека живее во изнајмен стан, а професорката по квантна физика обожава да готви чорба од компири.

 

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1