ММС

Објавено на: 07/16/21 10:39 AM

Отворена црква посветена на фудбалската легенда Диего Марадона во Мексико

Неколку големи вазни со фудбалски топки стојат на влезот во првата црква во Мексико, а сликата на Диего Марадона со типична мексикански шешир од Мексико ги поздравува следбениците.

Црквата во градот Пуебло, која беше отворена на 7 јули, ја слави „религијата“ која е во Аргентина уште за време на животот на Марадона, во 1998 година ја создале неговите обожаватели.

Внатре во црквата, биографијата на Марадона се состои од фотографии, од неговото детство до неговата средба со починатиот кубански лидер Фидел Кастро и папата Франциско.

Религијата „Марадона“ се прошири во неколку земји низ светот и има повеќе од половина милион следбеници, пренесува Ројтерс.

„Мајка ми и татко ми, кои се католици, велат дека тоа е лудо“, рекла 22-годишната фудбалерката Андреа Хернандез за време на посетата на црквата на Марадона украсена со постери на нејзиниот идол, додека тој играше за клубови во Шпанија и Италија.

„Но, за нас, кои го сакаме фудбалот, многу е убаво што Марадона има такво признание во Мексико“, додала Андреа.

Марадона, кој почина во ноември 2020 година, откако го прослави својот 60-ти роденден, славата ја стекнал откако во 1986 година го освои Светското првенство во Мексико.

Марсело Бушет, кој ја отвори црквата, рекол дека тоа е место каде што може „да се разговара за фудбалот“.

„Не е како да одите во друга црква, да седите и да слушате“, рече Бушет. “Вие сте дел од сè тука. Луѓето го прифатија и се многу среќни. Ги видов како плачат, се фрлаат на неговата слика, се молат”, рекол тој и додал: “Се чувствувам многу подобро што не сум единствениот што е луд “.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1