ММС

Објавено на: 07/16/21 10:20 AM

Поради најавата за врнежи променета локацијата за вечерашниот концерт на Танец

Ансамблот за народни игри и песни Танец вечерва ќе одржи концерт со почеток во 21 часот  во рамките на Скопско лето. Иако првично беше најавено дека концертот ќе се одржи во Сули Ан од Танец претпладнево информираа дека ансамблот ќе настапи во Камерната сала на Филхармонија поради најавените врнежи за вечерва.

Вечерашниот воклно-инструментален концерт е со наслов „Мелем песна“ и е дел од новата сезона на ансамблот, симболично наречена „Враќање”, во чест на 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески, но и во духот на отпочнувањето на новиот сценски живот после пандемискиот застој.

Овој концерт во рамките на фестивалот „Скопско лето” е петти во низата концерти на отворено од првата летна вокално-инструментална серија, кои се одржуваат во пет македонски градови – Велес, Прилеп, Македонска Каменица, Кавадарци и Скопје. По нив, „Танец” ќе ја започне и втора серија од три големи музичко-сценски концерти, наречена „Танец под ѕвездите”, на фестивалите во Струмица, Охрид и Битола.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1