ММС

Објавено на: 07/16/21 10:05 AM

Ајфеловата кула од денеска отворена за посетители

По неколку месеци затворање поради неповолна епидемиолошка состојба, Ајфеловата кула беше затворена минатата година поради пандемија, кога француската влада донесе одлука да ги затвори сите места каде што се собира голем број луѓе.

Од денес сите туристи ќе можат да уживаат во убавината на најпознатата кула на светот.

Билетите се веќе распродадени.

Посетителите на Ајфеловата кула ќе мора да носат маски и да одржуваат физичко растојание.

Новите ограничувачки мерки ќе стапат на сила на 21 јули, така што сите посетители ќе мора да покажат негативен тест, потврда за вакцинација или прележан коронавирус. Ова правило нема да важи за малолетни посетители.

Ајфеловата кула годишно ја посетуваат 7 милиони туристи. Минатата година, сосема очекувано, имаше голем пад на посетители поради ограничувачките мерки и помалку туристи.

Извор: Б92.нет


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1