ММС

Објавено на: 07/16/21 9:02 AM

Сообраќајка на патот Делчево – М.Каменица: Сообраќајот се одвива по една лента

Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на патот Делчево – М.Каменица кој е дел од магистралата А3 кај месноста Каменички рид, се одбива по една лента. Како што јавуваат возачи, во несреќата учествувале товарно возило камион и џип.

Според првичните информации, во несреќата нема потешко повредени лица.

-Во несреќата џипот е целосно оштетен, додека камионот се наоѓа на едната страна на коловозот заради што сообраќајот се одвива по една лента, велат возачи.

Увид на лице место вршат од полицијата, од каде повеќе детали најавија во текот на денот.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1